Фестивал на органска храна

Утре (недела, 16 декември, 2012 година) со почеток во 12:00 часот, во Skopje City Mall по втор пат, ќе се одржи Фестивал на органска храна во организиација на Град Скопје, а во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Настанот ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Димовски, а ќе се обрати и директорот на Skopje City Mall,  Ивајло Ивановски.

Град Скопје го организира Фестивалот за органска храна со цел да ја промовира органската храна, органското земјоделство како важен, перспективен дел на оддржливото производство како и здравиот начин на живот.

На фестивалот ќе се претстават македонски производители на органска храна, ставајќи акцент на значењето на користењето органски производи за заштитата на биодиверзитетот, унапредувањето на здравјето на сите живи организми, на сегашните и  на идните генерации.

Освен дегустација и презентација на органски производи, вклучена е музичка програма  во текот на целиот настан. Фестивалот на органска храна, ќе трае до 18 часот, а Градот Скопје за одржување на Фестивалот, од Буџетот одвои околу 180 000 денари.

You May Also Like