Тодоровски, Кујунџиски, Ташковски и Павловски се добитници на „23 Октомври“

Добитници на наградата „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот акад. Божин Павловски.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на
државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври, со почеток во 12:00 часот, во Собранието на Република Македонија.

You May Also Like