„Joy fest“ вечерва во Крива Паланка

Денеска (23 август, петок) Општина Крива Паланка во соработка со организациониот одбор на JOY FEST, во рамките на манифестацијата ,,Крива Паланка град на културата за 2013“ организира рок фестивал „JOY FEST“.

Целиот настан ќе го заокружи популарниот Бајага и неговиот бенд Инструктори.
Учесници во програмскиот дел:

Epten -алтернативен рок бенд од Куманово познат по својот голем хит ,,Ти ми зеде се“, во соработка со Бени.

Foolish Green-музички бенд кој ни доаѓа од Скопје да го промовира својот нов албум наречен ,,Escape“ , предводен од нивниот фронтмен Ненад Стефановски.

Conquering Lion – даб/реге/хардкор бенд од Тетово. До сега покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово. Conquering Lion има настапувано со големи реге имиња, како на пример Gentleman и многу други.

Smoke shakers – инди рок бенд од Кавадарци. Пред JOY FEST, Smoke shakers ќе има настап на престижниот Jelen Demofest во Бања Лука каде што од пријавените 420 бендови од сите балкански држави, имаат влезено во потесниот круг од 34 бенда. Таму ќе настапат со големите имиња како Партибрејкерс, Суперхикс, Кирил Џајковски и др.

Станува збор за млади македонски бендови во подем, кои полека грабат кон врвот на македонската музичка сцена, што е примарна цел на JOY FEST, промовирање и афирмирање на македонската рок музика.

You May Also Like