Славчо Ковилоски: Хип-хопот беше субкултура – со Еминем и белците се разводени

Тоа е 93-та и купувањето маички сo Public enemy од Солун, на една добра колекција на касети, на нивното кинење, на лепењето… да дојдеш до касета беше тешко. Пoтоа тука е и Стотројка и емисијата на Виџи од Чиста околина, кој има заслуги за одржувањето на таа хип-хоп сцена. Првите снимки на сите македонски рапери се емитуваа таму – вели за COOLTURA.mk Славчо Ковилоски, кој со нескриени емоции се сеќава на почетоците на македонската хип-хоп сцена.

Ковилоские поет, прозаист, книжевен историчар и музичар. Освен како научник и писател, јавноста го препознава и како еден од основачите на македонската хип-хоп сцена во 90-тите години, член на групата Клан Исток и активен учесник во тогашната македонска субкултура за која во интервјуто направено ова лето.

На прашањето – во какви услови се роди македонската хип-хоп култура, Ковиловски вели: Тогаш средната класа беше во изумирање, со транзициски проблеми кои ги мачеа. Беше поинаку од денес, немаше материјали, сите се познававме меѓу себе, дури и да не се знаевме лично, се познававме по облеката, широките панталони, капчиња, по начинот на зборување.

Тогаш хип-хопот беше субкултура и потоа дојдоа Еминем и белците. Сега не е веќе така – хип-хопот е насекаде околу нас. Толку е навлезен што не е субкултура.

Од 2005 држиме предавање за хип-хоп низ цела Македонија, на симпозиуми, на културолошките студии на УКИМ, на едно предавање го наполнивме и амфитеатарот на Филозофски факултет, удиравме по масите и држевме ритам. На прашањето зошто оваа музика е толку моќна, тој вели: Хип хопот може да биде забава но и да ги детектира најважните проблеми во општетсвото. Во Aмерика тоа беа правата на црнците, а кај нас голема невработеност и притисокот од конзервативното општетсво. Се’ се смени во 99-тaта кога се појавија белите корпорации и почнаа да го продаваат хип-хопот.

На прашањето каде се сега неговите колеги музичари со кои ја создаваа таа сцена, Ковилоски на шега додава – за да не излезе дека само сме пцуеле и сме пееле од првата генерација македонски рапери излегоа научници и универзитетски професори кои ангажирајќи се преку хип-хопот да ги детектираат проблемите во општетвото, сега и сериозно се занимаваат со негово општествено промислување и анализа .

—————————————

Славчо Ковилоски е автор е на една збирка раскази, две монодрами, три збирки поезија, три романи и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Заедно со Александар Ковилоски ги објавува „Аспекти на македонската урбана култура – Хип Хоп Македонија“ (2005), „Хип-хоп книга“ (2007) и „Хип хоп речник“ (2008). Во 2010 година го издаваат специјализиранот on-line списание за хип хоп – магазин „4“, од кое излегоа 10 броја.

Во периодот од 2007 до 2010 година, на Првиот канал од Македонска Радио-Телевизија се емитува емисијата „Хип-Хоп Магазин“. Екипата на Хип Хоп Македонија во состав од Александар Ковилоски, Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ, го реализираше македонски хип хоп документарец „Сложувалка“. Филмот е колаж од гледишта, искуства и идеи на индивидуи од македонската хип хоп сцена. На Македонските Алтернативни Награди (МАН) ја освои наградата за најдобар македонски документарен филм за 2015 година, а на на фестивалот „Dok’ n’ Ritam“ кој се одржа во Белград, доби специјална награда од стручно жири. По прикажувањето на неколку европски и азиски фестивали, филмот беше прикажан и на македонскиот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Новинар: Александра Јуруковска

Камера : Филип Јорданов

Режија: Александар Ристевски

Монтажа: Бла Бла

You May Also Like