Светски познатиот гудачки квартет BOND на Охридско лето

Во рамките на 53-тото издание на Охридско лето најава за ексклузивниот концерт на најсензационалниот светски гудачки квартет BOND. Концертот на BOND ќе се одржи на 27-ми јули, во Античкиот Театар во Охрид.

BOND e најпродаваниот гудачкиот квартет во историјата на музичката индустрија, претставен од четири атрактивни девојки кои се познати и како Spice Girls на класичната музика. Зад себе имаат неверојатни 56 платински и 15 златни тиражи, 5 милиони распродадени албуми, огромен број изданија и работа на музика за холивудски филмови и настапи во над 70 држави.

Огромен успех во многу земји ширум светот постигнаа и со последниот албум „Play“ во 2011 година. Групата чиј успех е препознаен насекаде во светот, својата инспирацијата ја црпи од класичната, латино, џез, фолк, рок, поп, електро музиката. Минатата година Bond имаа спектакуларен настап со Расел Бренд на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон, а неверојатниот квартет конечно, за прв пат доаѓа пред македонската публика и тоа во рамки на прославата на 10 години од нивното постоење.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс и тоа во три категории, во зависност од распоредот на седење, по цена од 800, 1000 и 1200 денари.

You May Also Like