Годинашното издание на „Блуз и соул фестивалот“ ќе биде отворено со настап на Давид Нешкоски трио од Македонија. Фестивалот ќе се одржи во периодот од 20-22 септември во Универзалната сала во Скопје.
На првата веќер по триото на дваесетгодишниот давид Нешкоски од Прилеп, ќе се претстави ѕвездата на вечерта Хенрик Фраишладер и неговиот бенд од Германија.
На втората фестивалска вечер ќе настапи една од најдобрите Чикаго блуз вокалистки Дитра Фар од САД во приддружба на Рафаел Вресниг и неговиот состав од Австрија.
На последниот ден од Фестивалот ќе настапи најновата сензација на британската блуз сцена Врџил енд Акцелерејторс.
Програмскиот селектор на Фестивалот е Васја Ивановски.