Атмосферата на Каменичко културно лето 2013 се вжештува. Првите три дена на Градскиот плоштад во Македонска Каменица продфилираа диџеите Гоце САФ и Димитри фром Чаир, кавер бендовите Лабаво Лавабо и ПМ (Пи Ем) и етно составите Били Естебан и Ајдаред.
Во петок, на 23 август гостува сјајната руска ѕвезда на македонската сцена, Викторија Лоба, а во сабота на 24 август, Александар Тарабунов.
Неделата е резервирана за промоција на македонската култура, вредности и обичаи преку настапите на неколку реномирани културно-уметнички друштва.
Понеделник, по воведните настапи на оркестарот на изворни инструменти „Китка“ Истибања и Штипските тамбураши, кои доаѓаат заедно со вокалниот состав „Орнаменти“ и штипскиот градски хор, ќе настапат победниците на Фестивалот на дувачки инструменти – Пехчево Фест 2013 и првонаградениот трубач од Гуча, маестралните Уска Кан и Демир Кантурски.
На 27 Август, публиката ќе може да ужива во неверојатната музика на еден од најдобрите македонски бендови, феноменалните Фолтин.
На Денот на општина Македонска Каменица и Денот на рударите се концертите на Влатко Илиевски и Жељко Самарџиќ.
Богатата програма во најголем дел е финансирана од буџетот на општина Македонска Каменица и Рудникот за олово и цинк „Саса“, а голем придонес дадоа и Кит Го маркети, ЈП Камена Река, Хит градба, Дрилко ДОО, СМ Консалтинг Биро и уште неколку локални фирми.
Каменичко Културно Лето 2013, Десет дена летно уживање!