Македонците во Албанија со своја телевизија

(Македонска нација) Конечно телевизиска програма на македонски јазик и во Албанија. Но, не на државната радио телевизија, што со години го бараат Македонците, и го сметаат за нивно легитимно право, туку во Корча. Се вика ТВ Кристал. Телевизијата всушност постои десет години, но сега под наем ја имаат Македонци.

Извршен директор е Васил Стерјовски, а за програмата се грижат уште петмина млади Македонци. Емитуваме се македонски програми, филмови документарни, македонски народни приказни, македонски песни. Земаме продукција од македонски медиуми од Македонија, набрзо ќе почнеме и со сопствени емисии,со сопствена продукција – изјави Васил Стерјовски.

Според него Телевизијата покрива простор од околу 200.000 потенцијални гледачи. Тој не крие дека поради големиот број Македонци, локалните албански медиуми ги губат слушателите па во нив гледаат сериозна конкуренција. Локалните медиуми што се во Корча почнаа да не сметаат за конкуренција и веќе почнаа да пуштаат македонски песни. Значи ова беше позитивно, вели Стерјовски.

Тој вели дека засега немаат никакви проблеми, освен одредени реакции од грчкиот конзулат во Корча кога ја емитувале документарната емисија за децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. До година, кога ќе треба да ја продолжат дозволата за работа, се надеваат дека ќе имаат и нова посовремана опрема и предавател со поголема моќност, како и свои студија во Тирана и Елбасан.

You May Also Like