„110 години од раѓањето на Личеноски“ низ слика

Пред десетина дена во Даут-пашиниот амам, кој е во склопот на НУ Национална галерија на Македонија, се случи исклучително важен настан за македонската култура.

Беа одбележани 110 години од раѓањето на еден од доајените на македонското сликарство, големиот Лазар Личеноски.

На овој настан присуствуваа покрај директорката на НМГ, Маја Крстевска и министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, уважени гости и еминентни личности од македонскиот културен живот.

Уживајте во настанот низ сликите кои ви ги нудиме и секако посетете го Даут-пашиниот амам.

 

You May Also Like