„М.М.Е. кој прв почна“ на Војо Цветановски во Универзална

Претставата „М.М.Е. кој прв почна“, по Дејан Дуковски, во режија на Војо Цветановски, со младите актерите, Македонка Илиевска и Дарко Вељиќ, кои дипломираа актерска игра на Софиската Академија, на сцената кутија во Универзалната сала, е дел од репертоарот и веќе интензивно се игра.

М.М.Е. кој прв почна
М.М.Е. кој прв почн

– Оваа претстава се одлучив да ја работам, бидејќи во мене го испровоцира заедничкото во половите. Си поставив прашање: Колку луѓе постојат на оваа планета? Маж и Жена или Жена и Маж, во секој случај двајца.

Во прашање се варијации, а „М.М.Е. кој прв почна“, е крикот на ангелот.

Низ фразата „ЗНАЕШ ДЕКА ЗНАМ“, до гола кожа е соблечена болката на човекот.

Оваа „М.М.Е. кој прв почна“, се бави со тоа колку ние луѓето сме спремни да се соочиме со помошта од ангелот? … колку лесно ја отфрламе од себе таа помош, манифестирајќи ја сопствената суета, гладот за нанесување болка и себе задоволување.

Претставата може да ја проследите со почеток во 20 часот на 07.02.2011 (понеделник), како и на 19.02.2011 (сабота), во Универзалната сала во Скопје.

Улоги: Македонка Илиевска и Дарко Вељиќ

Музика: Ненад Тонкин („Беи д фиш“), Гоце Тазз и Џака Накот

Костими и сценографија: Прона Ристова

Режија: Војо Цветановски

You May Also Like