Утре започнува 6-тото издание на АКТО

Шестото издание на Фестивалот за современи уметности АКТО започнува во четврток на 11 – ти август со перформанс на уметникот Зоран Попоски.

Насловен како „Портерет на уметникот како културен работник“ перформансот е закажан за во 20 часот пред споменикот на Стив Наумов во дворот на Офицерскиот дом во Битола.

Во 21:00 часот е воедно и свеченото отварање во самата зграда Офицерски дом и тоа со изложба 20 ГОДИНИ СЛОБОДНИ / КАНАЛ 103 , Леле “Метод”, Драгана Заревска /Јасна Димитровска (инсталација)
Не зјапајте романтично! Филип Јовановски (event, инсталација) Портрет на работникот како уметник, Филип Јовановски (перформанс) Талкање, Игор Тошевски (видео инсталација) ,Percevez(plus), Beatrice Andre,
(инсталација) , Love the future, Никола Узуновски (инсталација) АНП / АВТОРСКИ НИЗ ПОЈАВНОТО, Група автори, (видео инсталација), Јam , Неда Фирфова (инсталација) и Yugostalgia, Walter Steinacher (перформанс, инсталација) Веднаш потоа во дворот на офицерската зграда ќе започне музичката програма.
За публиката на првата фестивалска вечер со свои сетови ќе настапат диџеите на канал 103, бендовите Millko и Sound Pollution.

АКТО за своја насловна тема ја избра РАБОТИ (НИКОГАШ) ! Како повод за темата е графитот што францускиот филозоф Ги Дебор го испиша на еден зид од улицата покрај Сена во Париз кој гласеше Ne travaillez jamais / РАБОТИ НИКОГАШ !

После точно 58 години во Битола на улицата Солунска е испишан графитот РАБОТИ (НИКОГАШ)! Таа конциденција беше искористена како тема за овогодинешниот АКТО фестивал за современа уметност. Преку делата на овогодинешните уметници одново се прави обид да се преиспита поимот на работа и во емотивна и материјална смисла, како и негово значење во денешен современ контекст.

Организатори на Фестивалот се уметничкиот директор и селектор Филип Јовановски, продуцентите Александар Јовановски и Борче Димитровски а извршен продуцент е Никола Димитровски. Фестивалот АКТО е дел од Битолското културно лето Битфест. Целта на Акто Фестивалот е отварање на културните рамки на едно современо општество преку нивно ре-поставување и дефинирање во нов контекст.

You May Also Like