Сите балкански рап ѕвезди во Скопје истовремено

Ви го најавуваме најголем балкански фестивал под име „Balkan Hip-Hop & R’n’b Fest Vol.1“, со своето прво издание, кој ќе се одржи во скопската Метрополис Арена на 05.02.2011 година(сабота), во организација на БМ продукција.

Balkan Hip-Hop & R'n'b Fest Vol.1
Balkan Hip-Hop & R'n'b Fest Vol.1

Списокот на учесниците е и повеќе од импозантен, сите големи звучни имиња од балканската Hip-Hop & R’n’B естрада во една вечер на едно место! На сцената ќе можете да ги погледнете:

– CONNECT – Хрватска
– EDO MAAJKA – БиХ/Хрватска
– GRU, MARCELO, STRUKA & LUD, CVIJA & ANA MASULOVIC – Србија
– UBSURT & LORA KARADZOVA – Бугарија
– TOKSIKOLOGIJA – Македонија
– SPECIAL GUESTS  … Кој ќе дојде, ќе дознае! 🙂

*** WARM UP***

– DJ GOCE (SAF) -Македонија
– DJ PLAYA – Србија кој е познат како резидент DJ на 50 Cent, Busta Rhymes, Rhiana, J.Lo.

Продажбата на билети стартува на 15-ти јануари во сите продажни мрежи на Тобако и Тogether и кафулето Ало, ало (Кеј 13-ти ноември).

– Од 15-ти до 31-ви јануари *290 денари
– Од 1-ви до 5-ти февруари  *390 денари
– На благајната на Сајмиште *490 денари

Настанот ќе започне во 21 часот и ќе трае до раните утрински часови.

Деновиве cOoLTuRa.mk ќе додели одреден број на влезници, па затоа следете не’ и бидете брзи! 😉

You May Also Like