Викендов во „Мала станица“ се одржа Петтата тату конвенција, каде што љубителите на тату уметноста имаа можност да присуствуваат.
Организатор на оваа конвенција беше мото клубот „Ноќни Волци Македонија“, кој успеа во Скопје да ги донесе дваесеттината најдобри тату артисти од Македонија. Освен нив на конвенцијата учествуваа и тату артисти од странство, како почесни гости.
Тетоважите беа рангирани во 9 категории. Најдобрите добија и награди од долгогодишните пријатели и соработници на Ноќните волци.
Проследете што се случуваше, низ објективот на cOoLTuRa.mk
Инаку, минатата година се оддржа четвртата тату конвенција, во ноќниот клуб „Хавана“ по повод роденденот на „Ноќни волци“, под слоганот „Скопје гори, баба се тетовира“.