Раде Шербеџија: Не е битно дали филмот е скап или евтин, битно е дали е добар

Неодамна во Скопје ја имавме таа чест да поразговараме со еден од најпознатите актери од овие простори, големиот Раде Шербеџија. Ја искористивме можноста да на кратко да помуабетиме со него.

Со господинот Шербеџија говоревме за неговото ново остварување, македонскиот филм “Ослободувањето на Скопје”, неговите тековни активности, промоцијата на самиот филм, но ги чувме и неговит ставови кога се работи за тоа какви филмови сака Раде.

Погледнете го нашето кратко видео интервју во продолжение…

__________________________________________________

Роден е 27 јули 1946 година во местото Буниќ кај Титова Кореница во Хрватска. Дипломирал 1969 на Академија за театар, филм и телевизија во Загреб, набргу потоа е ангажиран во загребскиот драмски театар “Гавела”. Потоа паралелно работи како слободен уметник, со ангажман во Хрватскиот народен театар, па повторно во „Гавела“.

Добитник е на многу признанија (трипати е награден на Стеријино позорје, Награда „Владимир Назор“, Награда „Дубравко Дујшин“, Награда „Орландо“ на Дубровнички летни игри).

На филмското платно дебитира со споредна улога во Илузија (1967) на Крсто Папиќ, а прва главна улога во Гравитација или “Фантастичната младост на чиновникот Борис Хорват” (1968) Б. Иванде. Од тогаш се почесто настапува во главни улоги, влегувајќи во кругот на најдобрите југословенски актери.

Најуспешната филмска година за Шербеџија најверојатно е 1986 година кога и двете филмски улоги добиваат титула “најуспешен”на фестивалот во Пула: револуционер кој не се снаоѓа во повоениот период во Вечерни Ѕвона на Лордан Зафрановиќ (Златна арена) и работник огорчен од сиромашниот живот и животните тешкотии во Сонот за ружа Ж. на Тадића (Голема Повелба во Ниш). Предавал сценски говор и глума на Академија за театар,филм и телевизија во Загреб ,а работел и како вонреден професор за глума на Академијата за уметност во Нови Сад.

Во 1992 година заминува од бившите Југословенски простори каде што и во светски рамки се пробива како изврсен глумец. И покрај тоа што веќе играл во 80-на филмови кои се деистрибуирани на бившите Југословенски простори, пробивот во светскиот филм го прави со филмот “Војната на Хана” (1988), и “Пред дождот” (1994) на Милчо Манчевски.

Во 1996 година, Шербеџија го глуми таткото на бегалец во филмот Белма и новозеландски емигрант во филмот Broken English. Потоа следуваат улоги во холивудски филмски остварувања во филмовите Вселенски каубои, Невозможна мисија 2, Моќниот Џо Јанг, Снеч итн.

Познат е и по читањето поезија, како и по бројните театарски претстави. Формираше и нов театар „Улисис“ во Пула кој доживеа премиера со претставата „Кралот Лир“ на Бриони под режиска палка на сопругата Ленка. Работел и со големи имиња како: Ванеса Редгрејв, Том Круз, Стенли Кјубрик и Клинт Иствуд.

You May Also Like