Ана Синицки е оперска пејачка од Белград, Србија, и е со македонско потекло. Ја сретнавме во Београдско драмско позориште каде што присуствуваше гостувањето на Драмски театар од Скопје, со преставата “Генетика на кучињата”, па ја искористивме можноста за кратко интервју за COOLTURA.mk
Ана Синицки е мецо сопран и веќе неколку години е активна на музичката сцена во Србија, Италија и САД. Дописникот на Македонската телевизија од Белград, колегата Оливер Бранковиќ ни кажа за меѓународните успеси кои оваа млада дама ги бележи, а ние ја искористивме можноста да дознаме нешто повеќе.
Своето образованиe Ана го гради во Белград каде што завршува музичка академија, додека после дипломски студии завршува на Јејл во САД, каде што по завршувањето на студите настапува во Њујорк и Конектикат, по што продолжува со настапи на европско тло, во Милано, Белград и други.
Периодов го спрема својот прв солистички албум, комбинација на поп и класична музика, како што вели самата во стилот на она што Андреја Бочели во направи со Ил Диво како проект.
Се надеваме дека Ана ќе имаме можност да ја гледаме често во Македонија. Таа секаде гордо потенцира дека е Македонка, со што само покажува дека Македонците и вон нашите граници не забораваат на татковината и сакаат за нив да знае и македонската јавност.
Александар Ристевски