„Style your Bike“ во Aмериканското катче во Скопје

На 13 август (среда) во 17:00 часот во Американскмото катче во Скопје ќе се одржи настанот „Style your Bike“ наменет за сите велосипедисти кои сакаат нивниот велосипед да изгледа уникатно и ново.

style_your_bike

Организаторите најавуваат интересна забава, дружење и можност за средување и „дотерување“ на вашите велосипеди.

На настанот се предвидени :

– бојадсиување на старите велосипеди за да изгледаат како нови
– лепење уникатни налепници/стикери
– ставање оригинални рамки
– средба со други велосипедисти, размена на искуства
– размена на идеи и искуства за најдобрите рути низ Македонија

Пријавувањето е на следнава адреса ac.programe@yahoo.com

You May Also Like