Вечер (недела, 18 август) во 21:00 часот во Пацио – Завод и Музеј свој настап ќе има популарниот актер и комичар Марјан Ѓорѓиевски.
Марјан Ѓорѓиевски е професионален актер во Народен театар Битола, кој изминатите неколку години својата кариера ја насочува кон сцената на стенд ап комедијата. Зад него се голем број извонредни настапи на македонската и балканската сцена, проследени со преполни сали, овации и слично…