„Smoke Shakers“ го промовираа синглот „Faith“

На неколку денови пред заминувањето за Бања Лука, Репулика Босна и Херцеговина, каде што ќе настапат на престижниот Јелен Демофест, најдобриот кавадаречки рокенрол бенд „Smoke Shakers“ и официјално го промовираше својот нов сингл, „Faith“.

smoke shakers

Се работи за исклучително модерна рокенрол песна, во која повторно доминира препознатливиот за „Smoke Shakers“ инди рок стил, што на песната и дава една посебна енергија, иако е малку посмирена од динамичното првенче „Stand Together“.

Како и претходникот, така и „Faith“ е целосно бендовска песна, со која Горан Цвијановиќ, Ристе Димитров, Александар Димитров, Орце Павлов и Ристе Наумов го потврдија својот креативен потенцијал, но и способноста за тимска работа која резултира и со трет сингл кој ќе биде објавен неколку часови пред заминувањето за Бања Лука.

Хиперактивниот период исполет со работа на новите песни кои ќе се најдат на деби албумот на „Smoke Shakers“, подготовките за Јелен Демофест каде што кавадаречката гордост ќе настапи рамо до рамо со уште 34 бендови кои ќе се борат за првата награда која вклчува снимање и продукција на албум, како и телевизиски спот и премиера на музичкиот MTV канал, ќе биде заокружен и со два настапи, од кои првиот е закажан веќе за вечерва во клубот „Реформ“ во Дојран, додека вториот ќе се оддржи во сабота и тоа во култниот кавадаречки паб Blue.

Во продолжение, Ве оставаме да уживате во синглот „Faith“…

You May Also Like