Kenny Larkin во Сектор 909

Вечерва (петок, 12ти јули) во новиот летен клуб Сектор 909 ќе настапи славниот детроитски техно диџеј и продуцент Kenny Larkin.

Kenny Larkin гостуваше минатата година во Сектор 909 и тоа беше една од најдобрите забави за тоа лето. Тој е повеќе од 20 години на техно сцената со огромна дискографија зад себе меѓу кои е и албумот Azymuth за Warp Records, албум кој според многумина до денес е ремек дело на техно музиката. Од неговите хитови можат да се издвојат Cirque de Sol, Groove и Glob но огромен успех достигнува и со неговите ремикси на I Don’t Need A Cure For This, Go Deeper и Future.

Во 2012та се приклучува на издавачката куќа и букинг агенција Cadenza и констатно е дел од нивните настани низ целиот свет заедно со Luciano, Reboot, Robert Dietz. Во полето на продукција доживеа огромен успех со неговиот ремикс на траката Future на Inner City и Kevin Saunderson кој се искачи на врвот на сите топ листи. Неговиот сет од Exit Festivalot од минатата година е еден од најгледаните на youtube, сет кој точно го отсликува неговиот диџејски стил, моќен ритам со примеси на фанк и џез.

Kenny Larkin (2)
Како домашна подршка пред Kenny Larkin ќе настапи диџеј Mаци. Забавата започнува на полноќ, а влезот е 200 денари до 01 часот , потоа 300 денари.

You May Also Like