“Ethno Fashion” – модна ревија во Берово

Во рамките на Фестивалот „Етно плоштад“ денеска (сабота, 25 август, 2012 година) во 21:00 часот во центарот на Берово ќе биде одржана и модна ревија на дизајнерката Наталија Поповска.

Традиционалниот фестивал во Берово ќе биде збогатен со претставување на модните парчиња дизајнирани од младата и надежна дизајнерка Наталија Поповска која своето образование и искуство го стекнала на академијата за мода и дизајн „ACCADEMIA ITALIANA” во Италија, каде се стекнува со диплома моден креатор.
Поповска  на сцената во центарот на Берово ќе се претстави со индивидуална ревија инспирирана од традиционалното, културно и фолклорно богатство заедно со новите модни трендови, добивајќи парчиња облека со уникатен дизајн.

You May Also Like