„Фокус на македонски филмови во Грузија“ во Тбилиси

Од утре (вторник, 2 април) па се до четврток (4 април 2013 година), во Тбилиси (Грузија) ќе се одржи „Фокус на македонски филмови“. Настанот е во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и  Грузискиот филмски центар.

Во склоп на „Фокусот на македонски филмови“ ќе бидат прикажани следниве филмови:

–       „Избор на филмови од Браќата Манаки“ – првите снимки на Балканот;

–       „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски;

–       „Тетовирање“ во режија на Столе Попов,

–       „Плати и жени“ на Атанас Георгиев.

Отварањето и проекциите на филмовите ќе се одржат во Киното Rustaveli со почеток од 20:00 часот.

You May Also Like