„Тоа е човекот“ од Владимир Георгиевски во Галерија 8

По големото претставување во Санкт Петербург (Русија) во месец октомври, во литературно-меморијалниот музеј Ф.М. Достоевски, изложбaта под наслов „Тоа е човекот“  премиерно во Скопје и пред македонската јавност. На отворањето на изложбата ќе говорат уметникот Коле Манев и Ѓорѓи Јолевски кој ќе изведе монолог од Бесови на Ф.М.Достоевски.

Авторот за своето дело ќе каже: кога ги гледам лuѓето и настаните околу мене, сакам да ја пресоздадам нивната надворешна минливост. Чинам дека е се едно таинствено битие исполнето со безброј загатки.

Изложбата ќе биде отворена до 13.12. 2011 година.

Отворање на 02. 12. 2011 година (петок) со почеток во 20:00 часот.

Локација, Галерија 8 – Безистен, стара Скопска чаршија

You May Also Like