„Со тебе уживам во светот“ вечер во Кинотека

Вечер (24 мај, петок), во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија во рамките на циклусот на чешкиот филм, на репертоарот е филмот „Со тебе уживам во светот“.

 

СО ТЕБЕ УЖИВАМ ВО СВЕТОТ

(S tebou mě baví svět)

игран филм, Чехословачка

1982, 82 мин., колор, 35 мм.

режија и сценарио: Mарие Поледнакова  (Marie Poledňáková)

улоги: Јулиус Сатински, Вацлав Постранецки, Павел Нови, Јана Шулцова, Елишка Балзерова (Július Satinský, Václav Postránecký, Pavel Nový, Jana Šulcová, Eliška Balzerová)

Тројца средовечни мажи одат на одмор во планина со своите деца на возрасто до 2 до 8 години и се обидуваат  да се справат со нивните секојдневни потреби  во отсусво на сопругите. Главната стратегија им е да ги исцрпат своите деца со многу активности, за тројцата да можат вечерните часови да ги поминат во заедничко дружење. Но, не излегува така како што си зацртале.

 

Ревијата беше отворена синоќа со филмот „Бегај келнер бегај“.

You May Also Like