Фестивалот посветен на сценариото и сценаристите започна денеска (петок, 29 јуни) во Домот на градежните работници „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје.
„Скрипт фест“ за отворен го прогласи Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА од Скопје, по што следуваше доделување на наградите:
„Скрипт Феникс“ на проф.д-р Драган Миленковиќ од Белград, за развој на филмската култура;
„Скрипт Презент“ на филмскиот критичар Благоја Куновски за долгогодишен придонес во филмската уметност;
„Скрипт Фест“ на сценаристот Томислав Османли за опусот сценарија за телевизиски, документарни и играни филмови;
По врачувањето на наградите беше одржана и трибина на тема „Македонската сценаристика – мит или стварност“ чиј модератор беше доц. д-р Христо Петрески. Потоа следуваше проекција на филмови од проф. д-р Стефан Сидовски, Ана Алексоска и Константин Плевнеш, како и промоција на филмски изданија.