„Принцот Жаба“ викендов во Кинотека

На 1 и 2 јуни (сабота и недела) во 12:00 часот во рамките на „Ново кино утро“, односно вториот дел од циклусот посветен на Браќата Грим, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Принцот Жаба“.

„Принцот Жаба“

(Der Froschköning)

игран филм, Германија

2008, 58 мин., колор, ДВД

режија: Франциска Бух (Franziska Buch)

сценарио: Уши Рајх, Фредерике Кепф, Робин Гетрост, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (Uschi Reich, Friederike Köpf, Robin Getrost, Jacob Grimm, Wilhelm Grimm)

улоги: Зидони вон Кросиг, Фридрих вон Тун, Ричи Мулер (Sidonie von Krosigk, Friedrich von Thun, Richy Müller)

Како подарок за својот 18-ти роденден, принцезата добива златна топка што нејзината одамна почината мајка и` ја има оставено во наследство. Додека принцезата и нејзините пријатели играат во градината, златната топка ќе се оттркала право во езерцето. Принцезата е тажна, но не смее да падне во очај, бидејќи истиот ден треба да дојде еден принц, да ја побара нејзината рака, со што судбината на осиромашеното кралство ќе биде решена. Но, истовремено ќе се појави и една жаба која на принцезата ќе и` понуди да и` ја донесе златната топка од дното на езерцето, во замена за бакнеж од неа.

You May Also Like