„Парче душа“ со Љупчо Тодоровски-Упа во Охрид

Проектот „Парче душа“ кој веќе втора година успешно се изведува низ Македонија, е час на интерактивно говорење на поезијата на Блаже Конески придружено со музика. Ќе имате можност да го проследите во Центарот за култура Григор Прличев-Охрид,  утре (петок, 11.11.2011 година) со почеток  во 20:00 часот.

Парче душа – проектот на говорење македонска поезија на актерот Љупчо Тодоровски-Упа, после одлично посетените и примени од публиката дваесетина настапи ширум Македонија, ја започна својата втора сезона.

„Парче душа“ е избор на поезија, што Упа ширум Македонија ја рецитира веќе подолго време. Започна со летните настапи пред прекрасната црква Св. Јован Богослов на Канео, Охрид. На настапите гледа дека луѓето со душа не се ни малку ни немоќни – туку дека само за момент се повлекле во себе пред налетот на грубост и груб материјализам! Насекаде наидува на убав одзив, подршка и благодарност кај гледачите, а успева да измами и по некоја солза!

Како повод за посета на овој несекојдневен театарски чин може да се земе месецот на книгата, саемот на книгата, годишнината од раѓањето на Блаже, обработка на лектирата или наставната програма за Блаже, денот на востановувањето на јазикот, методската единица поезија. Инаку, на 19-ти декември годинава се прославува 90-годишнина од раѓањето на Блаже Конески.

Целта  е рецитирањето повторно да си го заземе своето место, да се врати публиката и состојбите на душата, која рецитирањето ја предизвикувало.

You May Also Like