„Космос“ од Витолд Гомбрович за првпат на македонски

За првпат на македонски јазик, Бегемот го објави романот „Космос“ од еден од најуникатните писатели во европската литература, полскиот писател Витолд Гомбрович.

Делото од полски јазик го преведе Филип Димевски.

Витолд Гомбрович се смета за еден од најголемите полски писатели во историјата на книжевноста. Специфика на неговото творештво е умешноста на гледањето на човекот во неговата психолошка заплетканост во другите луѓе и наследството на културата, своеобразното чувство на апсурдот и  иконоборството коешто ги засега традиционалните вредности прифаќани од страна на општеството.

Јазикот на писателот се состои од голем број неологизми, а исто така создава „зборови-клучови“, коишто фрлаат симболична светлина врз смислите сокриени под ироничната форма. Витолд Гомбрович важи за можеби најмаркантната личност во полската литература.

Космос за мене е црн, пред сѐ црн, нешто како црн измешан брзак полн со вирови, закочувања, мртвици, црна вода којашто подига илјадници отпади, а во неа загледан човек – загледан во неа и од неа однесен – којшто се труди да прочита, да сфати, да поврзе во некаква целина… Црнило, хорор и ноќ. Ноќ пронижана со брутална страст, затруена со љубов“, Витолд Гомбрович.

 

You May Also Like