„Комуникацијата во јавната администрација“ од Сузана Џамтоска Здравковска

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје, неодамна ја објави книгата нa доц. д-р Сузана Џамтоска-Здравковска „Комуникацијата во јавната администрација“.

Се работи за научна монографија која се концентрира на комуникацијата во министерствата во Република Македонија. Акцентот е ставен на интерното комуницирање од аспект на размена на информации за конкретната област и дејност, со цел поефикасно извршување на работните задачи и поголема транспарентност на институцијата.

Ова е прва книга во Република Македонија од областа на комуникологијата која ја третира состојбата со внатрешната комуникација во органите на државна управа во Република Македонија.

Рецензенти на книгата се проф. д-р Ѓорѓе Иванов и проф. д-р Борче Давитковски.

 

You May Also Like