„Капетан Америка“ во Летното кино

Вечер (четврток, 19 јули) во 21:00 часот во Летното кино во рамките на Скопско лето ќе биде прикажана научно-фантастичната авантура „Капетан Америка:Првиот одмазник“.

 

Кога патриотите стануваат херои: откако е одбиен од воена служба, Стив Роџерс доброволно се пријавува за тајниот истражувачки проект што го претвора во Капетан Америка – суперхерој посветен на одбрана на американските идеали…

Научно-фантастичната акциска авантура е во траење од 124 минути.Режијата е на Џое Џонстон, а улогите ги толкуваат: Крис Еванс, Хуго Вјуинг, Доминик Купер, Томи Ли Џонс.
„Капетан Америка:Првиот одмзаник“ има 7 номинации за наградите на Американската академија на научно-фантастични и хорор филмови, номинација и награда од еснафското Здружение за визуелни ефекти, номинација за британските Емпаер награди.

You May Also Like