„Изрази се преку медиумите“презентиран пред средношколците

Средношколците од 35 училишта од целата земја дознаа како може да учествуваат на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и да добијат стипендии, лап топ, камера или фотоапарат. Изминатите три недели, конкурсот се презентираше во гимназиите во 27 градови.

Средношколците се запознаа со темата и начинот на пријавување на конкурсот, но и со профилот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, којашто го спроведува проектот петта година по ред.

Средношколците можат да се пријават на конкурсот со едноминутно видео, текст или фотоприказна на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата“. Со медиумскиот производ, тие треба да прикажат пример или да дадат идеја како средношколците се вклучени и придонесуваат во локалната заедница преку различни активности во и надвор од училиштето. Конкурсот трае до 21-ви април и сите детали можат да се најдат на www.vs.edu.mk .

Најуспешните матурани ќе добијат целосни стипендии за студирање и можност за професионален ангажман веднаш по дипломирањето од „Алфа ТВ“, „Канал 77“, „Club FM“,  „Медиа Принт Македонија“, „Нова Македонија“, „McCann Erickson“ и „APRA Porter Novelli“.Училиштата и останатите средношколци учесници можат да освојат лап топ, камера и фотоапарат.

Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

You May Also Like