По најавата за денешното прикажување на свеченото отворање на престижниот фестивал Синема Јове во Валенсија, филмот на Теона Стругар Митевска „Жената која ги избриша солзите“ влезе и во официјалната конкуренција на популарниот Сараевски филмски фестивал.
Последен македонски филм што се натпреваруваше на фестивалот во Сараево беше „Јас сум од Титов Велес“, исто така во режија на Митевска, пред четири години.
Годинава Сараевскиот филмски фестивал ќе биде фокусиран на кинематографијата од Југоисточна Европа.