„Еко му е мајката!“ концерт на Едо Маајка, Џака Накот и Гоце Саф

На 3-ти  јули (вторник), во летниот клуб Хавана, со почеток во 21:00 часот, во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување – Пакомак, ќе се одржи голем концерт на добро познатиот рап артист, Едо Маајка, заедно со македонските хип хоп артисти Да Џака Накот и Гоце Саф.


Влезници за концертот ќе добие секој кој на пултовите на Пакомак ќе донесе три пластични шишиња од која било големина. Пултовите можат да се најдат на следните локации: Градски Трговски Центар на 29–ти јуни, 30–ти јуни и 2–ри јули од 18 до 22 часот; Градски Парк (Клуб Хавана) на 29–ти јуни, 30–ти јуни и 1–ви јули од 20 до 23 часот; Клуб Хавана – пред почетокот на концертот.

„Главната цел на нашето работење е да ја подигнеме еколошката свест на јавноста. Напорно работиме да го постигнеме тоа и постојано се трудиме да покажеме дека грижењето за околината во која живееме и вклучувањето во разни еко – акции е всушност многу забавна работа. Токму поради тоа се одлучивме да го организираме овој настан и да и понудиме на јавноста да добие влезници на креативен и несекојдневен начин, преку кој ќе се заштити градот во кој тие живеат.“ – изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.

Присуствувајте на концертот и придонесете за почисто и позелено Скопје.

You May Also Like