Синоќа (среда, 18 јули) Драмскиот театар-Скопје на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2012“ премиерно ја изведе претставата „Архелаос“ по текст на Јордан Плевнеш и во режија на Владо Цветановски.
Пиесата „Архелаос“ е еден вид интимна носталгија и е работена подолг период, а го опфаќа враќањето на Еврипид или Архелаос по 2.400 години во местото каде што тој ја пишувал својата последна трагедија „Почетокот на народите“.оја претставата со себе ја носи, истакна режисерот.
Оваа претстава е трета премиера која Драмски театар-Скопје ја подготвува специјално за овој фестивал.
Во „Архелаос“ играат: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димовски, Татјана Илиева, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ-Пановска, Калина Наумовска, Катерина Аневска и Билјана Беличанец-Алексиќ. Костимографијата е на Елена Дончева, сценографијата на Владо Ѓорески-Рафик, а музиката на Константин Плевнеш.
По претставата „Антигона“ на Националниот театар од Турција, „Архелаос“ е втора претстава на годинашното, 11-то издание на фестивалот.