„ 101 роза со љубов” за жртвите на семејно насилство

Денеска (петок, 29 јуни) во Градскиот Парк во Скопје, Организацијата на жените на град Скопје и Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство, реализираа настан по повод кампањата „Здружени против семејното насилство  и насилството врз жената ”.

Под мотото „ 101 роза со љубов ”, организаторите ја најавија новата кампања, а истовремено ги охрабрија присутните и сите останати граѓани да донираат средства за жртвите на семејно насилство на отворениот број за донации 070 143 300 на Т-Мобиле. Средствата од донациите ќе бидат наменети за жртвите од семејното насилство кои се згрижуваат во интервентниот центар „ Транзитна женска куќа ”.
На настанот воведно обраќање имаше Томка Дилевска – претседател на Организацијата на жени на град Скопје. Инаку ОЖС дејствува  во насока на подобрување на општествената положба на жената, на женските права, на поголема конкурентност за жената на пазарот на трудот, на правата на жените при здравствената заштита и  репродуктивното здравје, како и толеранција, мир и соживот во целата заедница.

You May Also Like