“Малограѓанска Свадба” на охридскиот театар на Скопско лето

Народниот театар од Охрид со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, денеска (среда) ќе учествува на фестивалот „Скопско лето 2013“ (10.07.2013) со почеток во 20:30 часот, Мала сцена на Универзална сцена.

Театарот од Охрид ќе се претстави со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет. Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.

You May Also Like