Ќе се реконструира римскиот театар во Скупи

Во наредните две-три години археолозите ќе вршат истражувања на стариот римски театар во Скупи, по што ќе следува реконструкција на истиот. Целиот проект е поддржан од Владата на Република Македонија.

skupi

Скупи се простирал на површина од околу 44 хектари и во тој дел влегуваат објектите што биле во тврдината, а објекти имало и надвор од неа. Тука постоел и стар римски театар со капацитет за публика од девет илјади лица. Реконструираниот стар римски театар во Скупи ќе има културно-туристичка вредност.

Локалитетот го посети и премиерот на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, заедно со министерката за култура,  Канческа-Милевска.

Според археолозите, Скупи бил еден од најголемите градови на територијата на Република Македонија, дури двапати поголем од Стоби. Се простирал на површина од околу 44 хектари и во тој дел влегуваат објектите што биле во тврдината, а објекти  имало и надвор од неа. Има наоди дека тука постоел и стар римски театар со капацитет за публика од девет илјади лица, изјави Груевски.

извор: Курир

You May Also Like