Ќе се реконструира изложбениот простор на Музејот на Македонија

Најзначајната македонска музејска установа Музејот на Македонија, наскоро ќе добие нова постојана изложбена поставка на површина од 450 метри квадратни, посветена на Граѓанската војна во Грција и децата – бегалци.

Планирано е да се санира дел од изложбениот простор, кој претставува седиште на Археолошкиот, Историскиот и Етнолошкиот музеј. Музејот на Македонија денеска го распиша огласот за избор на најповолен понудувач што ќе ја реализира реконструкцијата.

Ваквиот потег на раководството следува по најавената преселба на вредните артефакти, кои што беа изложени во оваа установа, во новиот објект на Археолошкиот музеј лоциран покрај реката Вардар, во центарот на Скопје. Компанијата што треба да ја изврши најавената санација ќе биде позната на 14 март, додека новата музејска поставка би била отворена за посетителите во пролетните месеци од 2014 година.

 

извор: build.mk

You May Also Like