Ќе започнат изградбите на Струмичкиот и Турскиот театар

За еден до два месеци ќе започне изградбата на Театарот во Струмица, а наскоро се очекува и почеток на изградбата на Турскиот театар.

teatar_kulisi

Веќе очекуваме во септември, најдоцна почетокот на октомври да започне реконструкцијата, но тоа е речиси изградба на нов театар во Струмица, на параметрите од стариот театар со оглед дека објектот до темел е изгорен и има многу малку остатоци. Избрана е веќе фирма-изведувач. Остануваат оние рокови за жалба така што се надеваме во рок од околу еден и пол до два месеца да почне градбата на театарот во Струмица. Исто така, во финиш сме на подготовките да започне и градбата на Турскиот театар во Скопје“ – истакна премиерот Никола Груевски.

Тој додаде и дека Министерството за култура е во завршни подготовки за објавување конкурс за јавно приватно партнерство доколку, како што рече, се најде приватна компанија за јавно приватно партнерство со државата, за изградба на објекти за Драмскиот театар и за МНТ-Центар.

You May Also Like