Фестивалот ДримON, кој е прва активност на Здружението Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА, започнува денеска (среда, 24 јули) во 12:00 часот, а свеченоста по повод отворањето и прес – конференцијата за медиуми ќе биде ово 21.30 часот на Летната сцена при Центарот за култура во Струга, каде што ќе биде реализирана и целокупната програма на ДРИМON.
ДримОН го отвораат јаките македонски жени кои поседуваат специфичен женски творечки израз или се силно поврзани со современите феминистички текови во културата. За силата на нежниот пол, женското писмо и уметноста ќе говорат академик Катица Ќулавкова, Мерсиха Исмајлоска и Кристина Тодороска -Петреска. Денот ќе го заокружи премиерната инсталација на младата уметница Маја Кировска, со наслов „Црвено како…“.
Јаки Жени
12:00 Работилница со млади: „Креативна книга на мемории“
Кристина Тодороска Петреска
14:00 Предавање, работилница: „Женско писмо, женска вистина и лага“ Мерсиха Исмајлоска
20:00 Предавање: „Силата на нежниот пол“ Проф. Акад. Катица Ќулавкова
21:00 ИЗЛОЖБА на Маја Кировска „Црвено како…“
22:00 ФИЛМ: „Мarina Abramovic: The Аrtist Is Present“