Млади инфо организира трибина за Законот за волонтерство и Стратегија за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015). Трибината ќе се одржи во среда, 15 мај 2013, во сала на Општината Гази Баба, барака бр.8 со почеток во 12:00 часот.
Стратегија за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015) е дел од годишната програма за работа на НВО Младиинфо. Оваа трибина е дел од активностите кои се поддржани од програмата CIVICA Mobilitas, спроведена од Центар за Институционален развој – ЦИРа, со финансиска помош од Швајцарската Агенција за развој и соработка – SDC.
На трибина ќе биде презентиран законот за волонтирање, акциониот план и стратегијата за унапредување 2010 – 2015 во Македонија. Исто така ќе биде презентирана и законската регултива за волонтерите во Македонија, обврските и правата на организациите кои примаат волонтери и правата на волонтерите, практиката и придобивките од волонтеризмот, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на присутните.
На настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема волонтирињето на која како панелисти ќе говорат претставници од Министерство за труд и социјална политика, Младински Културен Центар – Битола, Центар за Институционален Развој и Прва детска Амбасада во светот – Меѓаши, при што посебно место во дискусијата ќе им се даде и на претставниците на здруженијата на граѓани, општините, компаниите и институциите кои ќе може да ги образложат своите ставови, мислења и предлози.
На настанот кој е од отворен тип учество ќе земат голем број претставници на граѓанскиот и бизнис сектор од скопскиот регион, општините и младите граѓани зесегнати за темата.