Ѕвездата од Вергина, не е од Вергина

Eден симбол во последните 15-ина години се случи да добие погрешна конотација. Вклучувајќи го и инцидентот на навивачите на клубот Шалке 04 во Грција.

kutlesh vergina i na drugi lokacii
Не знам од каде таква категоризација… можеби поради спорот кој нашата земја го има со соседна Грција, но сепак се случи еден прастар култ кон сонцето да биде сосема погрешно интерпретиран.

Така наречената “Ѕвезда од Верина”, која начелно го претставува соларниот култ, своите почетоци ги има на далечниот исток и тоа на рељефот од една стела од Ур-Наму, Меспотамија, отпилика датирана 2 100 год. п.н.е. Всушност овој знак или симбол за прв пат се појавил и пред 2 500 -та год. п.н.е. на еден печат од Вавилон. Ѕвездата очигледно пропатувала низ времето и низ просторот од Месопотамија преку Мала Азија и островите на Егејот, па се до Европскиот континент, т.е. се до Требениште, крај Охридското Езеро, па и понатаму. Најчесто се појавува со парен број знаци 4,6,8,12,16,32, но но постојат примери и на ѕвезди со 5 или 7 крака (парните броеви се по потекло од Месопотамија и се во корелација со астрологијата на вавилонските ѕвезди).

Подоцна, особено во 1-от миленум, ѕвездата ќе стои покрај деведесеттина божества и други фигури, како: Афродита, Уранија, Аполон, Кибела, Диоскурите, Хелиј, Херакле, Персефона, Зевс итн. Со неа подоцна ќе се поврзат и 44 историски личности – владетели, како Филип II Македонски, Александар III Македонски, Касандар, Октавијан Август, Елегабал и други.

Ѕвездата ја има и на многу монети исковани од медитеранските градови во рано античкиот период, па дури и врз монети од далечната јонска колонија Месалија, на јужниот брег на Франција.
Sun-of-Vergina
На монетите на античките кралеви на Македонија, за прв пат се сретнува на една тетрадрахма на Филип II. Но ќе да е тоа една од последните карики во овој долг ланец на претстави. За да не настане забуна, во прилог ви давам и една табела, според истражувачот Е. Митропулу, која анализирала околу 400 предмети од материјалната култура каде е претставена ѕвездата:

ВРЕМЕ МЕСТО


2700-2500год.п.н.е

– Месопотамија

2300-2100год.п.н.е
– Месопотамија

1600-1200год.п.н.е

1. Крит
2. Пилос
3. Месопотамија

1200год. п.н.е.

– Месопотамија

7 век п.н.е.
1. Феникија
2. Кипар

6 век п.н.е.

1. Беотија – Танагра
2. Лаконија (Пелопонес)
3. Атика
4. Охрид (гробовите од Требениште)
5. Клазомена (525-500год. .п.н.е.)

5век п.н.е.

1. Атина (445год п.н.е.)
2. Рамнус на Атика

4век п.н.е.
1. Еретрија
2. Вергина (Кутлеш), гробница 2 (по 320г.)

2век п.н.е.
– Неаполис

1век п.н.е.
– Амисос

1век н.е.

– Елеусина

п.с. не постои никаква Ѕвезда од Вергина како тотем …тоа е всушност една сосема обична Ѕвезда која доаѓа од Истокот.

Литература

J. B. Segal, IX, sabijske misterije, vo monografijata, Izcezle civilizacije, Jugoslavija, beograd, 1965, 201-220.
Е. Димитрова, Најстарите христијански симболи, Скопје, 1995, 28-30.
M.E.L. Mallowan, III Rodjenje pisane istorije: pocetak civilizovanog zivota: Mesopotamija i Iran, vo monografijata Osvit civilizacije, Jugoslavija, beograd, 1969, 65-96.
Н. Шелдаров-В. Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија, 204-207.

автор: М-р. Василка Димитровска, археолог и основач на ХАЕМУС

You May Also Like