“Ѓаволскиот виолинист” Роби Лакатош на концерт во Охрид

Уште голем концерт во рамките на Охридско лето. Доаѓа исклучителниот унгарски виолинист и уметник, Роби Лакатош.

Robi Lakatosh - Roby Lakatos

Во Античкиот театар во Охрид ќе настапи „ѓаволскиот виолинист“, како што го нарекуваат роби Лакатош, заедно со неговиот ансамбл на 4-ти август 2013 година.

Роби Лакатош (Roby Lakatos) на извонреден начин го прикажува спојот на класичната музика со џез додатоци и изворен мелос. Виртуоз со стилска разноликост, редок музичар кој и пркоси на музичката дефиниција. Роден во легендарното семејство кое потекнува од Јанош Бихари, “Кралот на ромските виолинисти”, неговото музицирање еволуираше во рамките на семејство, но и на Бела Барток конзерваториумот во Будимпешта, каде што ја освои првата награда за класична виолина во 1984 година. Тој има соработувано со легендарните Вадим Репин и Стефан Грапели, а неговото виртуозно свирење го восхити и американскиот виолинист Сер Јехуди Менјухин.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс и тоа во три категории, во зависност од распоредот на седење, по цена од 600, 700 и 800 денари.

You May Also Like