„Штрумфови“ и „Перси Џексон“ премиерно во Милениум

Од утре (четврток, 15 август) на репертоарот на Милениум премиерно ќе бидат прикажани филмовите  „Штрумфови 2“ и „Перси Џексон“.

strumfovi

 

Перси Џексон: Морето од чудовишта 3Д (Percy Jackson: The Sea of Monsters3D)

Режија: Thor Freudenthal

Улоги: Marc Guggenheim, Rick Riordan
Траењенафилмот: ‘106

Жанр:Авантура, фантазија, фамилијарен

„Перси Џексон: морето на чудовиштата” претставува продолжение на авантурата на младиот полубог, синот на Посејдон, кој е на епски патувања, воден од својата судбина. Светот на боговите сега е на раб на пропаст. Перси со своето друштво трга на пат кон Морето на чудовиштата за да го спаси светот. Поминувајки низ Морето на чудовиштата, кое го нема на ниту една карта (познато на луѓето како Бермудски триаголник), тие се борат со застрашувачки суштества, зомбија и неверојатни зла.

 

Штрумфови 2 3Д (The Smurfs 2 3D)- премиера 15.08 четврток

Режија: Raja Gosnell
Улоги/Гласови: Hank Azaria, Neil Patrick Harris, Jayma Mays
*Синхронизиран на Македонски
Улоги/Гласови(на Македонски):НиколаРистановски, ЗорицаПанчиќ, СашкоКоцев, ДејанЛилиќ, ГорастЦветковски, НиноЛеви, ЃокицаЛукаревски, ГоцеТодоровски, ТомеВитанов, ПетарАрсовски, ЈанаРуси, БорчеНачев, АлександарАлексовски, РозетаАрсова, ТрајчеЃеоргиев
Времетраење: ‘105
Жанр: Анимиран, Комедија
Откако Штрумфета ќе ја дознае тајната магија за преобратување на суштествата Немирковци во добронамерни Штрумфови, злобниот Гаргамел ќе ја киднапира и одведе во Париз. Штрумфовите ќе мораат да се здружат со своите човечки пријатели, да ја пронајдат и да ја спасат од злобните намери на Гаргамел.

percy_jackson

You May Also Like