„Широк сокак во бело“ – Бела ноќ во Битола

Широк Сокак по трет пат ќе се обои во бело. Ако лани ексклузивниот настап на Давид Моралес, пред тоа и Кирил Џајковски ја преполни најпознатата битолска улица, оваа година гужвата ќе добие уште поголема димензија.

Hernan Cattaneo posterСите кафе барови на „Широк Сокак“ во соработка со „Горила продукција“ и „Фреш Јунион“ за настанот кој ќе го затвори и обележи ова лето 2013 го носат еден од 20-те најдобри диџеи во светот во моментот. За прв пат во Битола, гостува аргентинскиот лидер на електронската музиката Хернан  Катанео. „Широк Сокак во бело“ ќе започне во 21:00 часот во вторник, 27-ми август.

За сетот на Хернан Катанео, публиката ќе ја загреваат домаќините Б.Маневич, Aцика, К.Петровски, Дејан Декс, Јански, , Дениел и Горан Тех. Настанот ќе се одржува низ целиот Широк Сокак, а во специјално бело издание, гостите ќе ги пречекуваат и „Кафе Ин“, „Игучи“, „Портал“, „Симбол“, „Конект“, „Чек Ин“, „Милениум“, „Папаз“, „Инстинкт“,,Еат & гоу –пица“. Влезот е слободен, присуството задолжително, белата боја препорачлива. „Широк Сокак во бело“ – „Бела ноќ во Битола“ настан кој ќе се прераскажува до следното лето.

Hernan Cattaneo 1

You May Also Like