Денеска (сабота, 20 јули) на програмата на Бит фест 2013 продолжува Битола Шекспир Фестивал, а претходно ќе биде одржана и модна ревија испирирана од македонскиот фолклор.
21.00 Народен театар Битола
Хенри VI, прв дел – Никита Миливојевиќ – Национален театар Белград, Србија
20.00 Пацио, Завод и музеј – Модна ревија на Тамара Перез инспирирана од македонски фолклор
Тамара Перез е родена во Македонија, а дипломирала на меѓународна економија. Од 2006 година нејзино место на живеење е Швајцарија. Во 2011 година има добиено DESSMODE Европска диплома во моден дизајн и модерни техники. Од тогаш е родовно присутна на Suisse Romande модна сцена и на меѓународно ниво. Дизајнирала и реализирала 2 колекции: ПЛ 2013 и ЕЗ 2014 колекција. Секоја збирка била презентирана со модна ревија, како и изложбен салон – презентација пред професионалните купувачи во Швајцарија и Германија. Нејзината работа е објавувана во меѓународни списанија: Luuk списание во Италија, Grazia во Италија, Edelweiss списание во Швајцарија, Fashion mag Франција…
„Зимската колекција за 2014 е инспирирана од фолклорните носии на мојата родна Македонија. Овојпат се обидов да ги спојам заедно моите традиционални корени и експлозивната убавина на костимот со мојата експлозивна страст за современи технички решенија. Мојата идеја е развивање на агрегати кои потсетуваат на изворноста, но современиот изглед на производот ја врамува колекцијата на „cooconing style”зимски богатства. Бев во потрага по волумени кои гестикулираат слобода, се пилотираат низ современоста, просторот и само делуваат безнапорно. Волната и свилата, од кои повеќето од елементи се изградени, се природни fibri, кои генерално се користат традиционално. Славејќи ја природата се провлекува потребата на секој поединец да ја негува неговата поврзаност со сопственото потекло. Боите се избрани да резонираат со природна боја на свила, памук и волна, кои се акцентирани со црвена боја, кој го симболизира животот, напредокот и силата во креациите на моите предци. Црното е неутралност и линк кон современоста. Колекцијата е пресек на минатото и сегашноста во облека која отсликува активна и силна жена која живее во 21 век. Чувството на сила доаѓа од изворноста но живеењето е во актуелноста.“
Истражувачкиот дел во креирањето на колекцијата , изворноста на народните носии, нивната духовно – семантичка и естетско – декоративна функција е во соработка со Н.У. Завод и музеј Битола.
Модната ревија е реализирана во соработка со Н.У. Завод и музеј Битола,Битфест Битола. Модна Агенција Метрополис
Локум фест
20.00 Стара битолска чаршија
Саем на ракотворби – мал саем на млади претприемачи
Балкански култури и средби 3