Денеска (недела, 21 јули) на Бит Фест е следнава програма:
Битола Шекспир Фестивал
20.00 Мала сцена – Народен театар Битола
Крал Лир – адаптација на Нина Салинен и Катја Крон (Нина Салинен – Финска)
21.00 КЦ Магаза
Ирска музика „Tri fir” Загреб – Хрватска
„Три фир” е музички сосотав со над 10 годишно искуство во ирската музика. Членовите на овој музички состав имаат учествувано во разни состави и во разни проекти на ирскатата музика, а сега се споија како би направиле најзабавен и најискусен состав на келтскиот жанр. Репертоарот им се состои од традиционални ирски „drinking” песни, фолклорни песни, „пуб“ балади и инструментални танцувачки сетови. Поставата и изведбата е посебно прилагодена за што поверодостојно да го пренесат звукот и атмосферата на ирските забави, хуморот и енергијата на ирската музика.
Заради големиот интерес на публиката за новните концерти го снимија првиот албум „The Publiners”во кој во 13 песни ги обединуваат ирската фолклорна песна, баладата и инструменталните танцови сетови.