Денеска (23 јули, среда) на Битолското културно лето Бит фест 2013 се следниве настани:
Битола Шекспир Фестивал
20.00 Народен театар – Битола Театарска претстава „Бура“ – Џон Блондел – Театар Лит Мун, Санта Барбара, Калифорнија – САД
21.00 КЦ Магаза Фестивал на литература и аудио визуелни уметности „300 РАБОТИ 300“
Фестивалот на литература и аудио визуелни уметности „300 РАБОТИ 300“ е во траење од четири дена, а првиот ден започнува со промоција на книга „Снежна пустина“ од Игор Трајковски Фоја (вклучувајќи и промоција на аудио визуелно шоу, а гостите ќе добијат бесплатен примерок од книгата за сите присутни. Станува збор за научна фантастика каде главниот лик кој поседува натприродни моќи патувајќи и во потрага по сопствени цели завршува во Битола кон крајот на германската окупација и со цел да ги исполни неговите намери мора да придонесе во зачувувањето на Битола т.е да не се бомбардира Битола од страна на германскиот окупатор.
22.00Пацио, Завод и музеј Кино проекција и дебата
Контра кадар
17.00 Кафе фестивал „Кафе кабана на Широк Сокак“
Манифестацијата „Кафе кабана на Широк Сокак“ е своевиден фестивал на кафето, забава во која производителите и дистрибутерите на различни видови кафиња во Македонија, покрај конвенционалната комерцијална презентација ќе имаат можност за непосреден, забавен и несекојдневен начин пред своите конзументи да ги презентираат и промовираат своите кафиња.
Од друга страна, нивните секојдневни конзументи дружејќи се меѓу себе, а низ разни игри, забава и музика дружејќи се со дел од познатите лица со филџан кафе на „лаф“ муабет продолжувајќи ја старата градска битолска традиција, денот да започне продолжи и заврши во добро друштво и уште подобро расположение со неколку филџани кафе за свој мерак.
Во целата манифестација покрај сопствените штандови на кафе брендовите, вклучени се и битолските кафулиња во кои ќе се одвиваат дел од програмските содржини на фестивалот на кафето. Манифестацијата е дел од БИТ ФЕСТ, а во организација на Бекстејџ.