Шведскиот бенд „Дорена“ најава за „Здраво млади!“

Денеска (вторник, 23 април) во МКЦ со почеток во 22.30, како најава за престојниот ЗДРАВО МЛАДИ фестивал ќе настапи шведскиот бенд „Дорена“.

 

 

Tалентираниот бенд „Дорена“ од Шведска по втор пат настапува пред македонската публика. Овој пат го промовираат својот нов албум, насловен NUET. Бендот се уште го негува пост рок изразот со елементи кои на моменти преминуваат во блага психоделија. Се работи за исклучително квалитетен состав кој зад себе има исвирено преку 200 концерти.

You May Also Like