Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч од Скопје неодамна ја објави книгата за деца „Бумбарчиња“, од чешкиот писател Јан Карафијат, во превод од чешки јазик на Донка Роус.
Јан Карафијат (1846–1929) е чешки евангелистички свеште¬ник, писател и публицист. Во литературата се појавува со приказната за деца „Бумбарчиња: за мали и големи деца“, 1876. Благодарение на рецензијата на Густав Гама Јарош, во списанието „Час“, првото издание на „Бумбарчиња“ било распродадено веднаш, а во 1894 била издадена повторно. Така, од 1876 до 1980 година „Бумбарчиња“ доживеале 79 изданија. Во оваа приказна за деца, која се смета за првата оригинална (авторска) бајка за деца во чешката литература, Карафијат главно ја изразува единствената, проста љубов кон природата, мечтата кон идеалните односи меѓу луѓето.
Карафијат е автор уште на неколку книги за деца и за млади, меѓу кои и „Карафијатова читанка“, на книга за Јан Хус, но и на неколку теолошки слова и студии. Напишал и две музички книги, како и мемоари во пет книги.
Студирал теологија во Берлин, Берн и во Виена, а во 1870-71 бил повторно на студии во Единбург, Шкотска. По враќањето од Шкотска учи теологија, педагогија, дидактика во Евангелистичкиот учителски семинар во Часлав (Чешка), каде работел и како спиритуалист. Во 1874 година станал управител на истиот семинар. Од 1875 до 1895 работел се посветил на ревидирањето на Библијата Кралицка.