Четиринаесет македонски дизајнери изработуваат современи форми на мебел

Работилницата за современ македонски мебел покажува дека и во Македонија постои креативен потенцијал кој умее да создаде производ со висока естетска вредност и пазарни перформанси. Четиринаесет македонски дизајнери под менторство на Филимена Радоњанин од Фејдом и Питер ван дер Веин од Холандија ја отпочнаа втората фаза од работилницата која е насочена кон производство на веќе дефинирани парчиња мебел.

feydom kreativni industrii (2)

Моментално младите дизајнери во соработка со технички тимови од фабриките Фејдом и Диамико работат на изведба на прототиповите.  Целиот процес на дизајнирањето отпочнува со развој на концепт, истражување на пазарот и дефинирање на идејни решенија кои ќе имаат комерцијална иднина. Во периодот 1 од 9 јули, дизајнерите ги конкретизираат своите идејни предлози и во период од 10 јули до 1 септември, пристапија кон фазата на изработка на протитиповите.

Имајќи го предвид потенцијалот на креативните индустрии посветува големо внимание на оваа област  и во оваа смисла, во изминатиот период реализиравме неколку тематски работилници чијашто основна цел беше запознавање на јавноста со значењето на креативните индустрии, пренесување нови знаења и искуства на творците од областа, како и информирање на бизнис секторот за можноста од партнерство помеѓу културниот и деловниот сектор. Сега министерството поддржува конкретна соработка помеѓу овие два сектора, се со цел да се унапреди оваа соработка и да се постигнат конкретни резултати“ – рече Министерката за култура.

[fb_button]

 

feydom kreativni industrii 0  (3)

feydom kreativni industrii 0  (4)

Резултатите од работилницата ќе бидат премиерно претставени на Неделата на дизајн во Скопје во период од 1 до 6 октомври во Куршумли Ан. Сега откако веќе имаме произведен македонски дизајн, ќе биде многу полесно да се привлече вниманието на мебел производителлите во Македонија, како и пошироката домашна публика и регионалната јавност.

Иновацијата на дизајн на мебел е една од клучните работи кои не треба да ги увезуваме од странство. Не ни фалат дизајнери, не ни фалат производители и материјал, туку ни фали одговор на прашањето како сите овие сегменти да ги споиме во една идеја и реализација која може да ги смени општествените и економските oчекувања на Македонија како успешна дизајн дестинација,  што е всушност и цел на оваа работилница” – изјави Филимена Радоњанин во улога на ментор на работилницата.

feydom kreativni industrii (3)

Меѓународното жири за време на Неделата на дизајн во Скопје, ќе одбере три најдобри модели кои ќе бидат претставени во процес на сериско производство во соработка со домаќните, мебело-производители. Селекција од четринаесте изработени дизајни ќе ја застапуваат Македонија на регионалните дизајн смотри во 2014 година.

Во изминатиот период формиравме и Национална комисија за креативните индустрии, која има ингеренции да дава насоки, да изнаоѓа решенија, да дава совети за побрз и поефикасен развој и афирмација на креативните индустрии. Би споменала уште една особена значајна активност која го привлече интересот на нашите креативци; имено на почетокот на оваа година,  Министерството за култура објави и Конкурс за финансирање на проекти во областа на креативните индустрии чија цел е стимулацијата на индивидуалците и на групите кои се непосредно вклучени во процесот за развој на креативните индустрии. Големиот број на пријавени проекти, преку 200, ја потврди заинтересираноста на граѓаните и нивната желба, својот потенцијал и творечка енергија да ги насочат кон создавање на производи кои ќе бидат важен економски ресурс“ – истакна Канческа-Милевска.

Следната година е 50 години јубилеј на Југословенскиот дизајн и во рамките на бившите Југословенски Републики планирана е поинтензивна размена на изложби, присуство на саеми и работилници за дизајн. Проектот Шаблони, во кој спаѓа и оваа работилница за мебел, е дизајн продукција на Јавна соба во соработка со Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија.

[fb_button]

 

feydom kreativni industrii (5)

feydom kreativni industrii (1)

feydom kreativni industrii (4)

 

You May Also Like